Само 25% од нашата ДНК е функционална

dnk.jpg

Еволутивниот биолог Ден Граур од универзитетот во Хјустон објавил нови пресметки кои покажуваат дека максимум 25% од човечкиот геном е функционален. Овие резултати се спротивни од досегашните тврдења дека 80% или повеќе од ДНК секвенцата се функционални.

Според пресметките на Граур, таа бројка се движи помеѓу 10 и 15%, а 25% ја претставува горната граница. Остатокот од геномот во суштина е „несакана ДНК“, безопасна но и бескорисна бидејќи не енкодира ништо.

Тој вели дека за да 80% од човечкиот геном е функционален, секој пар во светот би требало да има во просек по 15 деца, и сите освен 2 од нив би требало да умрат или да не се репродуцираат. Доколку се користи горната граница за штетната мутација (2 x 10-8 мутации по нуклеотид по генерација), тогаш бројот на деца кои секој пар би требало да ги има за да се одржи константен број на популација би го надминал бројот на видливи ѕвезди во универзумот за десетици пати.

Поради штетните мутации, паровите во секоја генерација мора да имаат во просек над 2 деца за да се одржи истата големина на популацијата. Во последните 200 000 години, оваа бројка изнесувала 2.1 до 3 деца по пар, а како резултат на тоа глобалната популација била скоро статична во 19-тиот век, кога стапката на смртност кај доенчињата почнала да опаѓа, а стапката на плодност се зголемувала.

Според Граур, мора да ја знаеме функционалната фракција на човечкиот геном за да се фокусираме на биомедицинските истражувања на деловите кои можат да се искористат за превенција и лечење на болести, бидејќи нема потреба да секвенцираме цел геном – само секциите кои знаеме дека се функционални.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail