Само една цигара дневно го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар за 50 проценти

pushenje.jpeg

Британските експерти откриле дека ризикот од срцев и мозочен удар кај луѓето кои пушат само една цигара дневно е дури половина помал во однос на лицата кои пушат 20 цигари на ден.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Научници од Институтот за истражување на рак на лондонскиот глобален Универзитетот и научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон, заклучиле дека луѓето кои пушат една цигара дневно имаат за 46 отсто помал ризик од срцев удар во однос на луѓето кои пушат 20 цигари, додека ризикот од мозочен удар е за 41 отсто помал во однос на пушачите кои консумираат 20 цигари дневно.

Само една цигара дневно го зголемува ризикот за создавање на коронарни болести за 48 отсто во однос на непушачите, при што кај жените ризикот од срцев удар е повеќе од двојно поголем во однос на жените кои не пушат.

„Не постои безбедно ниво на пушење кога се во прашање кардиоваскуларните болести. Ако сакаат да си го зачувате здравјето, потребно е пушачите во потполност да  прекинат со пушењето, а не да го намалат бројот на цигари“, вели доктор Алан Хаксоу, лидер на истражувањето.

Оние кои пушат само една цигара дневно претпоставуваат дека со тоа појавата од здравствени проблеми ќе им се сведе на минимум.

Тоа е точно единствено во случај на рак на белите дробови, каде постои 95 отсто помал ризик од создавање на оваа болест во однос на луѓето кои пушат 20 цигари на ден.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top