avtobus.jpg

Автономните автобуси на компанијата Baidu, веќе следната година ќе се најдат на улиците ширум Јапонија, а можеби дури и нешто порано во неколку кинески градови, пренесува Bloomberg.

Технолошката компанија ја соопшти оваа информација во текот на својата годишна конференција. Автономните автобуси ќе бидат вклучени во собраќајот во Јапонија благодарение на соработката на Baidu со компанијата SB Drive.

Baidu на производството на самовозечки автомобили работи заедно со кинескиот произведувач на автобуси King Long. Тие наводно веќе произвеле повеќе од 100 автобуси, кои ги нарекле Apolong.

Овие автобуси располагаат со 14 места за седење, без место за возач и волан. Apolong ќе може сам да се движи во сите области.

Покрај производството на автономни автобуси, компанијата Baidu најави и унапредување на својата самоуправувачка платформа Apollo.
>

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail