Samsung Galaxy S8 Plus доаѓа со 6-инчен екран!?

S8-Koncept.jpg

Никогаш досега за некој паметен телефон немало толку контроверзни гласини како сега за моделите на Apple и Samsung за 2017 година. Точно за било каков заклучок за следниот iPhone се уште е премногу рано, но Samsung Galaxy S8 практично е пред својата промоција.

Така деновиве на интернет повторно почнаа да вртат информации за S8 дека треба да дојде во две големини, но овој пат разликата помеѓу нив би требало да биде нешто поголема, односно речиси цел инч во дијаметар. Значи, покрај 5-инчниот на пролет можеби ќе видиме и 6-инчен Samsung Galaxy S8 Plus.

За сега не е јасно дали уредот ќе биде физички поголем од 5,7-инчниот Note 7, затоа што според некои би требало да има екран од раб до раб, по примерот на Xiaomi Mi Mix. Новите гласини ги потврдуваат претходните, односно дека од куќиштето наводно ќе исчезне 3,5 mm аудио приклучокот како резултат на најновите трендови, но исто така и физичкото копче Home кој можеби ќе биде заменета со капацитивна.

Повеќето аналитичари се согласуваат дека S8 ќе биде претставен на MWC во Барселона на крајот од февруари, но полека пристигнуваат и информации во врска со можното одложување до март бидејќи по срамот со Note 7, Samsung не сака ништо да остави на случајот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top