Самсунг лансираше паметен телефон поврзан на 5G мрежа

samsung-galaxy-S10-5G.jpg

Јужнокорејскиот гигант Samsung почна со продажба на својот прв паметен телефон кој фунцкионира на мрежата 5Gво Јужна Кореја. Јужна Кореја вчера, два дена порано од планираното, ја лансираше првата 5G мрежа во светот и така си го обезбеди првото место во светот во трката за оваа технологија.

За земјата која важи за технолошка сила воведувањето на 5G мрежата беше приоритет кој ќе придонесе за јакнење на економијата. 5G ќе овозможи 20 пати побрзо конектирање на Инмтернет и 100 пати поголема брзина од постојната 4G технологија. Samsung, кој е број еден во светот за паметни телефони, го лансираше својот телефон Galaxy S10 5G кој ќе биде првиот кој ќе биде поврзан на новата мрежа.

Екранот е со големина од 6,7 инчи и има нова генерација меморија за складирање, која е двапати побрза од другите Galaxy S10 модели и нова генерација РАМ која е помала и енергетски поефикасна. Токму затоа има место за масивната батерија од 4500 mAh. Камерата на Galaxy S10 5G е уште подобра благодарение на четвртата леќа за посветли фотографии, побрз автофокус и подобра перцепција на длабочина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail