Samsung-Office1.jpg

Според списанието Korea Herald, Самсунг во првите шест месеци од оваа година, најголемиот профит го оствари од клиенти во Кина, додека на второ место се наоѓа американскиот пазар.

Во првите шест месеци од годинава, јужно-корејската корпорација забележала продажба во вредност од 74,6 милијарди американски олари. Кинескиот пазар е заслужен за 32,7% од тој износ, додека американскиот пазар е заслужен за 26% од износот.

Помеѓу петте најзаслужни клиенти на Самсунг, во текот на оваа година се наоѓаат Huawei, Apple, Verizon, Deutsche Telekom и компанијата Techtronics. За споредба, во текот на 2017 година, петте најголеми клиенти на Самсунг беа Apple, Best Buy, Sprint, Verizon и Deutsche Telekom.

Како понатамошниот бизнис за јужнокорејска компанија ќе продолжи да се одвива на кинескиот пазар, останува да видиме, со оглед на тоа дека Кина сега почнува да имплементира стратегија за поактивен развој на домашните технолошки производи за да ја намали зависноста од надворешни добавувачи.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail