Udc3o-samsung.jpg

После претставувањето на Galaxy Fold, очигледно е дека Јужнокорејците размислуваат и за нови паметни телефони со флексибилен екран.

Иако не може да се каже дека таквите телефони на преклопување имаа добар старт, сепак големите компании се чини дека веруваат во успехот на тој концепт кој во следните години би можел да доминира на пазарот.

На овонеделната конференција за девелопери, Самсунг го претстави новиот концепт на флексибилен паметен телефон кој го развива и е сличен на концептот кој неодамна го најави и Моторола. Станува збор за телефон, кој за разлика од Galaxy Fold се преклопува хоризонтално, односно како класичните телефони од пред повеќе од една деценија.

При претставувањето, од Самсунг нагласија дека благодарение на новиот дизајн телефонот не само што ќе биде полесно да се смести во џеб, туку и ќе го промени начинот на кој ги користиме телефоните.

За жал, освен видеото, од јужнокорејската компанија не објавија повеќе детали, не е позната дијагоналата на екранот, хардверот и името. Сепак, дознавме во која насока размислуваат во Самсунг и дека имаат намера да експериментираат со различен дизајн на телефони со флексибилен екран.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail