Тркалезна маса на тема „A Bordering Power Europe? Exploring tensions between rights and fear“ ќе се одржи на 10.12.2020 г., од 11 до 13 часот.
На тркалезната маса ќе учествуваат: Микела Чекорули (Michela Ceccorulli) од Универзитетот во Болоња, Ана Никодиновска-Крстевска од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Овен Паркер (Owen Parker) од Универзитетот Шефилд, Александра Продромиду (Alexandra Prodromidou) од Универзитетот Шефилд – Сити Колеџ; Андраш Шалаи (András Szalai) од Централноевропскиот универзитет и Стефано Бјанкини (Stefano Bianchini) од Универзитетот во Болоња, кој ќе претседава со настанот. Тркалезната маса се организира во рамките на Жан Моне проектот за вмрежување „Нови европски граници – БОРДЕУР“ предводен од Централноевропскиот универзитет во кој како партнер институција учествува и Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.
Тркалезната маса ќе се одржи на англиски јазик.
Тркалезната маса е отворена за јавноста, така што може да се приклучат заинтересирани студенти или слушатели на линкот што е содржан во флаерот на настанот со кликање на „join” или пак на следниот линк.
Flyer Roundtable 10 december 2020
Извор: УГД