СЦ „Јане Сандански“ вработува

sc-jane-sandanski.jpg

Друштво за спорт и рекреација СПОРТСКИ ЦЕНТАР ЈАНЕ САНДАНСКИ ДООЕЛ Скопје (бул.”АСНОМ”, бр.1, Скопје-Аеродром), распишува оглас за вработување на:

 

ДИРЕКТОР ЗА МАРКЕТИНГ

Со место на вршење на работните задачи во Скопје – 1 позиција

 

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

  • ССС/ВСС;
  • Пожелно е искуство на раководна позиција во маркетинг;
  • Познавање од областа на маркетингот;
  • Добри комуникациски вештини;
  • Систематичност, организираност, иницијативност;
  • Одлично познавање на работа со MS Office;
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено);
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија.

Одговорности и работни задачи:

  • Целокупно управување со активностите на одделот за маркетинг;
  • Управување со маркетинг активностите на Друштвото (планирање, организирање, управување и  контрола);
  • Реазлизирање на целите поврзани со маркетинг и промоција на продажните акции и на Друштвото во целина, сообразно со деловната политика и стратегија;
  • Координирање на активностите поврзани со подготовката на краткорочните и долгорочните планови за маркетинг во собразност со усвоените деловни политики;
  • Идентификација и дефинирање на потребите за рекламирање на Друштвото, вклучувајќи развивање и креирање соодветни рекламни кампањи со цел постигнување на посакуваните перформанси на продажба и/или имиџ на Друштвото;
  • Одобрување на дизајнот и содржината на документација што се испраќа до медиумите;
  • Одобрување на материјалите, ентериерот и изгледот на подружниците;
  • Координација при организирање на настани, наградни игри и други социјални настани за презентирање на општествената одговорност на Друштвото;
  • Вршење на надзор врз работењето на вработените во одделот за маркетинг.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [email protected], со назнака: “Оглас за Директор за маркетинг “.

Огласот е активен до 10.05.2017 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail