MALDIVI.jpg

Се бара босоног библиофил кој ќе се препушти на животот на модерниот Робинзон Крусо на луксузниот островски ресорт“, тоа е накратко описот на работното место кое британскиот Гардијан го нарекува „можеби и најдобрата работа на светот“.

Филип Блеквел кој потекнува од семејство на библиотекари, бара кандидат за работа во веројатно најоддалечената книжарница во светот. Сместена е во склоп на луксузен ресорт на Малдивите.

„Платата е смешно мала, но предностите на оваа работа се немерливи. Идниот вработен ќе може максимално да го искористи потенцијалот на локацијата. За многумина тоа е работа од соништата. Да имам 25 години, сигурно би се пријавил“ – изјавил Блеквел за Гардијан.

Од идниот вработен се очекува потпишување на договор на најмалку три месеци. За тоа време тој мора да води забавен и живописен блог кој ќе го долови животот на библиотекарот на пуст остров и да се дружи со славни луѓе, како што вели работодавачот.

Од него се очекува страствено да сака книги и читање и да биде способен да разговара со гостите од сите генерации, да ги забавува децата со приказни и да им организира курсеви на креативно пишување на гостите.

„Сакаме некој креативен, но реален и организиран, кој знае да ги инспирира другите и некој кој можеби ќе ја разбуди љубовта кон читањето во другите“- порачал Беквел.

Идниот продавач на книги ќе живее во ексклузивниот ресорт чиј песок на плажата го опишуваат со зборовите „мек како снег“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail