Се бара професор за плата од 8.000 евра

lego_bricks.jpg

Универзитетот Кембриџ, едно од најпрестижните училишта во Велика Британија бара професор кој ќе добива 8000 евра, а него ќе го финансира Лего.

Негова задача ќе биде да ја проучува играта во процесот на учење.

Оваа позиција Лего ќе ја финансира со 4.5 милиони евра, а пријавувањето трае до 20 месецов.

Заработката е добра, а работата е забавна.

Професорот мора да биде со отворен дух и креативен.

Но, за да се пријавите не е доволно само да знаете да составите лего коцки или од нив да направите град.

Кандидатот треба да има познавања од детска психологија и да го унапреди процесот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top