Се бараат парови за на остров! 6 месеци уживање со партнерот, а добивате и плата!

tasmania-1.jpg

Ако сакате подолг платен одмор, далеку од сите, без никаков контакт со надворешниот свет, осамениот австриски остров близу Тасманија е како створен за вас, а следната понуда која стана вистински хит е вашата работа од соништата!

Без телевизија, интернет, контакт со копно или продавница. Препуштени сте сами на себе. Единствена обврска за вас е да собирате податоци за Бирото за метеорологија, а за таа работа ќе бидете обучени и добро платени.

Огласот за оваа необична работа го објави агенцијата www.wildcaretas.org.au/Join

На островот може да земете со вас уште едно лице (зошто да не и вашата сакана личност) или ќе ви доделат уште еден ентузијаст од организацијата, бидејќи не е безбедно да бидете сами.

Престојот на островот трае 6 месеци. Се што е потребно е да можете да се грижите сами за себе, да сте здрави и да сте во состојба да го одржувате објектот и опремата. Првиот контакт со надворешниот свет ќе го имате по 3 месеци, кога со хеликоптер ќе ви биде доставено се што ви треба.

Секако, во случај на непредвидени околности, ќе ве евакуираат во хеликоптер во било кое време. На островот ќе имате дом со 4 спални соби и двор, а тука е и богатиот див свет кој вклучува пингвини, галеби, фоки и ластовици.

Па, не размислувајте многу. Пакувајте се за овој долг, платен, романтичен одмор!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail