coffee_study_1568102926.jpg

Не е ништо ново дека студентите се будни цела ноќ над книгата за да научат за испитот.

Британските научници утврдија дека информациите многу лесно се паметат кога студентите по учењето ќе се наспијат.

Откриено е дека студентите полесно ги паметат информациите ако учат во фази, а меѓу периодот кога ќе седат над книги има доволно сон.

Повеќе од половина британски студенти кои учествувале во истражувањето во Велика Британија, признале дека една ноќ пред испитот се обидувале да запаметат што повеќе информации.

„Во истражувањето имавме правило за поврзување на зборови, па истражувавме што треба да доведе до тоа скриено правило. Откривме дека е потребен период на консолидација за да го примениме правилото. Учите денес па наспијте се, па учите утре па повторно спијте“ вели Кети Рустле.

Како што може да забележите, клучот е во одморот, па пред да поминете цела ноќ на книгите потребно е да размислите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail