Сè е подготвено за апокалипса: Пополнет трезорот за судниот ден!

Длабоко внатре во Арктикот, на норвешкиот остров Спитсбереген, се наоѓа Трезорот на Судниот ден. Во него неодамна биле додадени уште околу 50.000 примероци на различни семиња во случај на апокалипса.

Во него инаку научниците чуваат примероци од семиња собрани ширум планетата, кои може да бидат употребувани во случај на глобална катастрофа.

Во трезорот се сместени семиња од Бразил, Мексико, Индија, Зимбабве, Азербејџан…Трезорот на Судниот ден се наоѓа 130 километри длабоко во планина и чува речиси 865.000 примероци на семе.

Сите земји се добредојдени ако сакаат да остават примероци. Во тој трезор дури има и примероци од Северна Кореја. Првото повлекување на примероци од трезорот е направено неодамна поради војната во Сирија, меѓутоа семето е повторно вратено.

“Кога сте во трезорот, политиката не е важна. Тоа е што е најважно е безбедноста на семињата”, рекол еден од научниците кој го чува ова своевидно светско богатство.

Одржувањето на трезорот го финансира Норвешка и организацијата “Crop Trust”, а отворен е од 2008. година.

Трезорот е заклучен поголем дел од годината, и само неколку луѓе имаат пристап во него.

“Мислам дека ова е најспецијалното место на Земјата”, оценил еден од научниците кои се грижат за семето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail