Се гради првата паметна улица во светот

london-1.jpg

Компанијата за бизнис менаџмент New West End Company од Лондон ќе ја лансира првата паметна улица во светот. Овој нов концепт ја комбинира технологијата и просторот од нашето секојдневие.

Паметната улица ќе се наоѓа на поранешната улица Bird Street во Лондон и ќе биде наменета само за пешаци. Меѓу технологиите кои ќе бидат комбинирани на улицата се PaveGen, односно генерирање електрицитет од движењето и посебна боја која го прочистува воздухот.

Улицата ќе биде оградена со киосци во партнерство со Appear Here, односно компанија за изнајмување продажен простор. Во киосците ќе има револуционерна мода, технологија и модерна храна.

И двете компании New West End Company и Appear Here моментално бараат иновативни модни и технолошки брендови кои ќе бидат дел од овој проект.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail