Се гради првиот „град на шума“ со 40.000 дрвја

grad-suma3.jpg

Кинеската влада одлучи да го изгради првиот светски „град на шума“.

Градот е дизајниран од Стефано Боери, кој веќе има дизајнирано две вертикални шуми на облакодери.

Градот се наоѓа во Лиужоу, провинција на Гуангски. Откако ќе ја завршат изградбата, во градот ќе може да живеат 30.000 луѓе, а ќе се посадат 40.000 дрвја.

Според нивните пресметки, растенијата и дрвјата ќе апсорбираат речиси 10.000 тони јаглерод диоксид, а ќе произведуваат 900 тони кислород годишно.

Ќе има посадено над 100 различни видови на растенија и дрвја, кои ќе заземаат места на секоја можна површина. Во градот ќе се возат исклучиво автомобили на електрична енергија.

Владата на Кина се надева дека ќе го завршат градот до 2020 година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail