Се инсталираат машините за перење и сушење во студентските домови

rrrrrrrrrrr-640x359.jpg

Во рамки на инвестициски план на Министерството за образование и наука, кој предвидува низа мерки за унапредување на студентскиот стандард, се реализира проектот за набавка на машини за перење и сушење за сите државни студентски домови.

Инвестицијата е во вредност од 11 милиони денари, информираше минатата недела заменик министерот Спиро Ристовски.
-Набавивме 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење. Во моментов во студентските домови привршуваат интервенциите во делот на водоводната и електричната мрежа неопходни за инсталирање на машините, истакна Ристовски, додавајќи дека очекуваниот период  за реализација е до крајот на првиот квартал на 2017 година.
Со оваа инвестиција како и со останатите активности, меѓу кои започнатата набавка на новиот мебел за сите студентски домови и промената на сите постоечки лифтови пред неколк месеци, значително се унапредуваат условите за престој, истакнуваат студентите.
-Добро е што интензивно се вложува во домовите и условите значително се подобруваат. Знам дека се набавуваат перални и сушални и можам да кажам дека за нас студентите тоа е од големо значење. Повеќе нема да носиме торби со алишта за перење, за што, некогаш и специјално се враќаме во нашите родни места. Тоа ќе ни заштеди време, за дополнително учење или каква било друга активност, истакнува еден од станарите во студентскиот дом Пелагонија.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail