Се крстите кога поминувате покрај црква? Помодарство или христијански чин?

crkva.jpg

Додека едни сметаат дека се работи за механичка навика, која нема никаква врска со верата и Господ, други во овој чин гледаат израз на почитување кон светците и верата.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Веќе неколу години наназад сведоци сме дека луѓето штом ќе здогледаат црква или поминат покрај неа, се крстат. Додека едни сметаат дека тоа е механичка навика, други велат дека е почит кон верата.

Прашањето кое се наметнува е дали е тоа помодарство, некој феномен прифатен од голем дел од луѓето или христијански чин?

Свештените лица сметаат дека овој чин е апсолутно христијански. Оној кој чувствува потреба барем за момент да се приближи до Бога, не прави ништо лошо. Крстот има две „линии“. Хоризонтална и вертикална кои претставуваат љубов и симболизираат љубов кон Бога.

Од друга страна, социолозите имаат поразлично објаснување за овој чин. Тие сметаат дека тоа е еден вид невербална комуникација, навика и механичка реакција. Додаваат дека младите порано тоа не го практикувале, а сега масовно ги гледаме како се крстат на јавни места. Тоа сигурно го виделе од повозрасните. Се зависи од внатрешното убедување. Многумина љубовта кон Бога ја искажуваат на тој начин. Тоа е некој вид на емпатија, чувство, емоција… Што значи, кај некои е манир, а кај други внатрешна емоција.

Како и за се друго, така и на оваа тема мислењата се поделени, а некој официјален образец за прашањето дали си поголем христијанин доколку се молиш и крстиш кога поминуваш покрај црква или доколку не го правиш тоа, не постои. Затоа, можеме да заклучиме дека станува збор за индивидуална потреба и зависи само од гледиштата на единката.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top