Се менува ли историјата? Научниците докажаа дека човештвото настанало на Балканот…

evolucija-2.jpg

Историјата на човечката еволуција може да почне одново да се пишува затоа што научниците во Европа откриле фосили кои укажуваат на тоа дека човекот се одделил од мајмунот на тој континент, а не во Африка, јавуваат светските агенции.

Поголем број експерти веруваат дека човечките предци еволуциски се одделиле од мајмуните пред седум милиони години во средна Африка, каде хоминиди потоа живееле следните пет милиони години пред новата фаза на еволуцијата. Научниците, меѓутоа, пронашле два фосили  на мајмунолики суштества со човечки облик на забите во Бугарија и Грција кои се стари 7,2 милиони години. Откритието на тоа суштество, наречено  Graecopithecus freybergi, докажува дека нашите предци почнале да еволуираат во Европа 200 000 години пред најраните африканските хоминиди.

Тврдат дека тоа откритие во целост ја менува човечката историја и последниот заеднички роднина шимпанзите и луѓето, таканаречената еволуциска нишка која недостасува, ја сместува на подрачјето на Балканот.

Шимпанзите се најблиските живи сродници на луѓето затоа што со нив делат 95 отсто гени. Еволуцијата на последниот заеднички сродник на двата вида е средишна и најважна расправија помеѓу палеоантрологијата.

Во времето пред повеќе од седум милиони  години климатските промени ја претвориле источната Европа во отворена савана што ги принудило мајмуните да пронајдат нови видови на храна и резултирало со премин на одење на две нозе, пишуваат  научниците во магазинот Плос Оне.

-Оваа студија ги менува постојните идеи поврзани со местата на кои човештвото ги направило првите чекори“, кажал професор Николај Спасов од Бугарската академија на науки.

-Graecopithecus не е мајмун. Тој е хоминид и е директен предок на човекот. Неговата прехрана е поврзана со релативно сувата и цврста вегетација на савана и затоа, како и луѓето има широки катници и густа цаклина (емајл)“, вали Спасов.

Научниците анализирале два познати примероци на Graecopithecus, долна вилица од Грција и горен пред катник од Бугарија. Користејќи компјутерска томографија успеале да визуализираат внатрешни структури на фосилите и востановиле дека корените на пред катниците била поврзани.

-Големите мајмуни типично имаат два или три одвоени корени, а корените на Graecopithecus делумно се поврзани, што е карактеристика на модерните луѓе, раните луѓе и некои врсти на пралуѓе“, кажала водачката на истражувањето, професорката Медлин Боем од Универзитетот во Тубинген.

Тоа сугерира дека  Graecopithecus бил хоминид и дека неколку стотици илјади години е постар од најстариот африкански  хоминид, откриен во Чад.

-Тоа ни овозможува да одделувањето на луѓето од мајмуните го сместиме во Европа“, кажал палеоантропологот Дејвид Биген од Универзитет во Торонто.

За време на тој период Средоземното море знаело потполно да пресуши, што на мајмуните и раните хоминиди им овозможувало да преминуваат од континент на континент.

-Доколку се прифати, оваа теорија ќе го измени почетокот на човечката историја“, кажала професорката Боем. Секако, постојат и скептици.

-Можно е дека човештвото настанало во Европа, но имаме многу цврсти докази, вклучувајќи неколку черепи и парцијални скелети, кои тој настан го сместуваат во Африка. Би бил и тоа како внимателен во спротивставувањето на овие нови податоци  со анализираните фосили со сите докази кои досега се собрани во Африка“, вели антрополог Питер Ендруз од Природно научниот музеј во Лондон.

извор:Македонија денес

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail