Се одржа вториот отворен ден на Меѓународен Славјански Универзитет

5.jpg

Денес се одржа вториот отворен ден на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе за 2019 година.

Годинава за прв пат на Меѓународен Славјански Универзитет организиравме отворен ден во форма на саем, со 15 работилници.

Работилниците започнаа истовремено со работа и преку нив заинтересираните матуранти се запознаа со нашите наставни програми, си ги проверија своите знаења и добија совет за своите идни кариери.

Заинтересираните матуранти можеа да изберат во која од работилниците сакаат да влезат, односно во работилниците за психологија, правни науки, информатика, економија или безбедност.

Денес имамве една група на матуранти, односно во оваа група беа матурантите од СОУ „Кочо Рацин“, СОУ „Коле Неделковски“, СОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ „Јовче Тесличков“ од Велес и СОУ „Наум Наумовски – Борче“ од Пробиштип.

Денес завршивме со отворените денови во Свети Николе, ве очекуваме на отворените денови во Битола на 29.03.2019 и 01.04.2019.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail