Се основа научна фондација на Западен Балкан

science-foundation.jpg

На Самитот на лидери во Трст се потпиша документ за основање Научна фондација на Западен Балкан. Фондацијата, пред сѐ, би ги финансирала младите истражувачи од регионот, би доделувала награди на млади научници кои сакаат да основаат врвни тимови и лаборатории во овој регион.

Освен тоа, фондацијата би развила програма за финансирање која би овозможувала размена на научници и соработка со истражувачи меѓу Западен Балкан и Европа. Оваа идеја ја покрена Ангела Меркел во 2015 година на конференција на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, кога изјави дека од исклучителна важност е да се работи на прашањето за науката и истражувањето.

Германската академија за науки и уметности Леополдина изминатите три години заедно со Експертска група од Западен Балкан работеше на развојот на оваа идеја и даде предлог-план за работа и организација на фондацијата, кој во Трст беше предложен за усвојување од страна на претседатели, премиери и министри од земјите учеснички на самитот.

Доколку земјите учеснички ги освојат предлозите изнесени во документот потпишан пред неколку дена во Трст веќе од 2019 година младите научници од регионот ќе можат да освојуваат престиќни грантови со вредност до 750.000 евра.

На младите би им биле на располагање неколку програми за финансирање. Еден од грантовите би бил „Тесла“, кој би се доделувал во областа природни науки и медицина, додека во областа хуманистички науки би се доделувал грантот „Чабеј“. „Марко Поло” би обезбедувал финансиска поддршка за мобилнсот на научниците од Западен Балкан. Би постоеле и три дополнителни шеми за поддрпка на иницијативи и идеи на полето на промоција на науките, иновациите и трансфер на знаење и вмрежување на ниво на Балканот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail