Се отвори лабораторија за виртуелна и аугментирана реалност на УЈИЕ

Se-otvori-laboratorija-za-virtuelna-i-augmentirana-realnost-na-UJIE.png

Се отвори лабораторија за виртуелна и аугментирана реалност на УЈИЕ

Со свечен настан се одбележи отворањето на лабораторијата за виртуелна и аугментирана реалност (на 22 декември 2020 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа. Ова е прва лабораторија од ваква природа поддржана од проектите на програмата за наука за мир и безбедност на НАТО и е опремена со најсовремени алатки од оваа област.

Отворањето на оваа лабораторија го овозможија НАТО и Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија и ќе работи во рамките на Факултетот за современи науки и технологии.

Ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдилменаф Беџети во своето обраќање се заблагодари на Центарот за управување со кризи и на НАТО за укажаната поддршка.

„Со отворањето на оваа лабораторија, УЈИЕ ја докажува намерата да има општествено влијание во сите области, особено во практичната примена на висока технологија во наставата. Лабораторијата ќе има повеќедимензионална функција, особено во обезбедувањето обука и нови профили на вработени што ќе и помогне на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ “ рече ректорот Беџети.

На свеченото отворање беа присутни и директорот на Центарот за управување со кризи – Стојанче Ангелов и раководителот на Секторот за меѓународна соработка при Центарот за управување со кризи – д-р Урим Вејсели.

Преку онлајн платформа обраќање на настанот имаше и заменик-амбасадорот – Џенифер Р. Литлџон, одговорна на програмата за наука за мир и безбедност на НАТО – д-р. Дениз Бетен, координаторот на програмата – д-р Ејуп Турмус и д-р Стефани Фостер од лабораторијата МИТ Линколн.

Овој проект е продолжение на истражувачката работа на проектот NICS (Next Generation Incident Command System) на нашите универзитетски професори: проф. д-р Висар Шеху, проф.д-р Адриан Бесими и проф. д-р Агрон Чауши.

Лабораторијата ќе се користи за обука и создавање потребен кадар за институциите и другите засегнати страни кои се занимаваат со управување со кризи. Лабораторијата исто така ќе биде во служба на заедницата на УЈИЕ и може да се користи за време во наставниот процес и во истражувањето.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail