Се планира студентите да добијат субвенционирани оброци и автобуски карти

EVROPA.jpg

Владата на Република Македонија денеска, на 49-та седница, ја разгледа и усвои информацијата за воведување на проект „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби“, и го задолжи Министерство за образование и наука да изготви предлог законски и подзаконски акти за имплементација на проектот, најдоцна до 31.05.2018 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација; Министерство за труд и социјална политика; Министерство за финансии; Министерство за економија, Генерален секретаријат и Кабинет на министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании проф. д-р Зоран Шапуриќ.

Проектот „Субвенциониран студентски оброк и други студентски потреби” предвидува можност за субвенционирање на потребите на студент по негов избор, и тоа: оброк, автобуска карта, карта за во театар, книга и други услуги, во текот на денот, а плаќањето ќе се врши преку мобилен телефон или дигитална студентска картичка.

Овој проект, повеќе од 10 години успешно се спроведува во Република Словенија. Од страна на тамошните институции постои согласност и поддршка за имплементирање на проектот и во Република Македонија, со одредени прилагодувања, согласно финансиските можности на Република Македонија. Притоа, од страна на Владата на Република Словенија постои согласност за техничка поддршка и асистенција при реализација и имплементација на овој проект во Република Македонија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top