Се почитува ли високото образование?

VOZAC.jpg

Колку се почитува високото образование во Македонија? Покрај личната сатисфакција и духовна инвестиција, може ли да се каже дека факултетот е исплатлива инвестиција која на висококвалификува работна сила ќе и обезбеди егзистенција? Барајќи одговор на ова прашање поразговаравме со  Костадин Цинциевски, еден од многуте таксисти со високо образование како што вели и самиот. Пред 20 години дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а освен приватни часови со ученици, ниту еден ден не работел како професор.  Неуспешни биле обидите да најде работа според квалификација, па бил принуден да работи како поштар, угостител, последните 15 години е таксист  со цел да обезбеди егзистенција за своето семејство.

„Не се цени нашата инвестиција во нас. Тоа е моја лична инвестиција во мене. Кога јас инвестирам во мене тоа се финансии, време тоа треба да се реализира. Во кај нас нема фидбек барем кај некои“, изјави Костадин Цинцевски, таксист.

Цинцевски вели не дека оние што  се со пониско образование не треба да работата, но секој треба да си го најде местото во општеството.

„Премногу сме политизирани и таа политизација ни го руши квалитетот на живот“, рече Костадин Цинцевски, таксист.

Како и многумина и тој размсилувал да замине од државава и се уште размислува во потрага по подобра егзистенција.

„Многу патници млади, од многу младата недефинирана популација средношколците во втора, трета година средно, размислуваат да ја напушатат државата. Што значи кога они се уште не ја осетиле горчината на животот, заработувањето, најверојатно гледајќи ги своите родители, што да кажеме ние, што ден за ден крпен живот“, додаде Костадин Цинцевски, таксист.

ПОВЕЌЕ на 21ТВ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail