Се појави апликација кој би можела да им помогне на болните од депресија

depresija.jpg

Медицинските професионалци сѐ уште спроведуваат истражувања  со цел да понудат поефикасно лекување на депресијата. Чат-ботовите стануваат сè попопуларни како средство за обезбедување поддршка за луѓето што бараат разговор. Еден бот, наречен „Воебот“, е создаден специјално за справување со депресијата. Алисон Дарси, клинички психолог на Универзитетот „Стенфорд“, стои зад проектот „Воебот“ што служи како основа помеѓу разговорот со човечки терапевт и разговор со основен чат-бот.

„На луѓето им немаме дадено опции – што е со луѓето што не се подготвени да разговараат со друга личност“, вели Дарси.

Наместо да дава поедноставни одговори како другите чат-ботови, „Воебот“ користи принципи на когнитивно-бихевиорална терапија за да ги приспособи своите одговори. Станува збор за разговорна терапија што ги решава проблемите со менталното здравје, помагајќи им на индивидуите да ја променат својата шема на негативно размислување.

Ако, на пример, „Воебот“ ве праша како ви поминува денот, а вашиот одговор е нешто како: „Не баш добро. Се чувствувам бескорисно“, тогаш „Воебот“ ќе го препознае тоа како негативен автоодговор и ќе ви каже дека она што го велите не е вистина.

Ако корисникот искаже мисли кои „Воебот“ смета дека се самоубиствени или може да доведат до самоповредување, апликацијата ќе оди во режим на криза. Во овој режим „Воебот“ сигнализира дека корисникот не е способен за справување со ситуацијата и обезбедува итни броеви или линк до апликацијата наречена „Тец-Тец“, која го спречува планираното самоповредување и самоубиственото однесување.

Иако ова може да изгледа тривијално, Дарси има доказ дека може да направи голема разлика. Истражувањето на нејзиниот тим опишува студија во која учествувале 70 студенти. Студентите биле поделени во две групи – едната група разговарала со „Воебот“ две недели, а другата ја читала е-книгата „Депресија кај студентите“. Студентите што разговарале со „Воебот“ забележале значително намалување на нивната депресија, додека оние што ја читале е-книгата не забележале никакви резултати.

Истражувањето било спроведено додека „Воебот“ бил во бета-тестирање, меѓутоа, сега апликацијата е достапна на „Фејсбук“ и „Месинџер“ и „Ајос“ бесплатно, што значи дека секој може да ја проба. Верзијата за „Андроид“ ќе биде пуштена подоцна.

Важно е да знаете дека „Воебот“ не е измислен за да ги замени терапевтите и не е јасно кое е долготрајното влијание на апликацијата врз лекувањето на депресијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top