Се повеќе медицински сестри заминуваат во странство

medecina.jpg

Ниските плати, лошите услови за работа, брзата квалификација во сестра со отворањето на многу средни медицински школи и недостиг на јасно определени компетенции се клучни за намалување на бројот на медицински сестри во јавното здравство кои заминуваат во странство или во приватните болници кај нас. Појавата на суфицитарен кадар ја доведува во прашање и безбедноста на пациентот, смета Велка Гавровска Лукиќ, претседателка на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки .

„Не може сите да работат, исто да бидaт платени.  Не може да не се признае неформалното образование на сестрите, зборувам за постари сестри кои се специјализирани во одредена група и се ментори на работното место на помладите сестри. Значи мора да бидат мотивирани и наградени. Значи како ќе почне една сестра со таа плата оди во пензија со додатокот за стаж, нема мотивација“, кажа Велка Гавровска – Лукиќ, претседателка на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки

Секоја професија за биде почитувана мора пред да има јасни критериуми за компетентност кои се присутни во многу меѓународни документи во Европската унија  и затоа треба да биде формирано тело кое ќе ја регулира и контролира професијата, рече Гавровска- Лукиќ на редовното годишно Собрание на Комората на здравствени работници.

„Најголемиот проблем е токму тоа нашиот кадар сакаме да остане тука и истовремено Македонија да не извезува кадар, туку да остане тука за да можат во Република Mакедонија да го нaјдат своето работно место. Нормално дека мотивацијата на медицинските работници мора да биде во платата, во квалитетот, во континуираната едукација и во она што претставува гаранција за да останат во Р.М“, кажа Борис Георгиевски, Претседател на Комората на здравствени работници

Во моментов нема конкретна бројка колку  заминале во странство, но се шпекулира дека се десет илјади со средно, вишо и високо образование,  членови на  Комората на здравствени работници на Република Македонија,  не вклучувајќи ги докторите по стоматологија, фармација и општа медицина.

Нина Стефанова ЗА ТЕЛМА

ВИДЕО НА ТЕЛМА

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top