Се повеќе професори дражат часови преку Интернет

profesor.jpg

Се повеќе професори по странски јазици држат часови на интернет за да заработат.

Ова го практикуваат многу млади луѓе од Србија, а часовите се држат на странци.

Драгана Марковиќ, професорка по англиски јазик од Нови Сад со години држи часови на интернет, а ученици имала од Дубаи, Холандија, Белгија, Германија, Шведска, Хрватска, Шкотска и други земји.

Преку нејзиниот сајт и по пат на препорака овие луѓе ја наоѓаат неа.

„Работата со странци е посебно интересна, иако луѓето тешко се одлучуваат за работа со професор кој не го говори нивниот мајчин јазик, иако е тоа предност за учење странски јазик. Оние кои се јавуваат веќе имаат некое познавање на англиски јазик и воспоставуваме комуникација“ – вели професорката.

Сите потребни материјали и учебници, учениците ги добиваат на мејл. Многу често се праќаат аудио и видео фајлови.

„Учениците се од различни професии. Моментално најмногу има лекари. Наши луѓе кои работат во Норвешка или Германија и им треба за полагање на испити за добивање на лиценца“ – раскажува Марковиќ.

Таа во исто време држи и часови за странци кои живеат во Србија и сакаат да го научат српскиот јазик.

Марковиќ заработува две српски дневници за 45 минути. За секој пријавен ученик добива по 3 долари, а има и бонус во зависност од оценките кои ќе ги добие. Се случува за нешто повеќе од 45 минути да заработи 25 долари.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail