Се продава телефонот на Адолф Хитлер: Почетната цена е 100.000 долари

Screenshot_6-48-640x414.jpg

Телефонот кој го користел нацистичкиот лидер Адолф Хитлер за време на Втората светска војна ќе биде понуден на аукција овој викенд во САД.

Телефонот е во црвена боја, на него е напишано името на Хитлер и кукаст крст, а пронајден е во берлинскиот бункер во 1945 година.

Советските војници го подариле телефонот на британскиот офицер Ралф Рајен, како сувенир, по капитулирањето на Германија.

Аукциската куќа “Alexander Historical Auctions” соопшти дека почетната цена ќе биде 100.000 долари, пренесува BBC.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail