Се продлабочува соработката помеѓу УЈИЕ и Италијанската амбасада

Se-prodlabochuva-sorabotkata-pomegju-UJIE-i-Italijanskata-ambasada.png

Се продлабочува соработката помеѓу УЈИЕ и Италијанската амбасада

Делегација од Италијанската амбасада во Република Северна Македонија, предводена од новиот амбасадор НЕ Андреа Силвестри, денес (28.01.2021 год.) го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Делегацијата оствари средба со ректорот, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проректорката за меѓународна соработка и истражување, проф. д-р Беса Арифи.

За време на посетата, која имаше информативен карактер се разговараше за продолжување на соработката со амбасадата и за понатамошно зајакнување на меѓусебните врски и партнерства.

Ректорот Беџети го информираше амбасадорот Силвестери за актуелните случувања во УЈИЕ, начинот на функционирање, раководството на Универзитетот и некои од приоритетите на Универзитетот во блиска иднина.

Проректорката Арифи, направи ретроспектива на соработката на нашиот универзитет со италијанската амбасада и универзитетите.

На состанокот беше потенциран успехот во спроведувањето на италијанскиот јазик како изборен предмет на Универзитетот и интересот на студентите да го учат овој јазик е многу голем.

Тековно десетици заеднички проекти се спроведуваат помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и најпознатите италијански универзитети.

Извор: УЈИЕ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail