Се продлабочува соработката со Великотрновскиот универзитет

IMG_5287-Medium.jpg
Во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“во Св. Николе беше потпишан договор за продлабочување на соработката со Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Договорот беше потпишан од ректорот на МСУ, проф. д-р Душан Николовски и заменик ректорот на ВУ „Св. Кирил и Методиј“, академик Стојан Буров.
Претходно, во февруари 2017, делегација на МСУ предводена од Деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р Александар Илиевски гостуваше во Ректоратот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Велико Трново, каде беше остварена средба со Ректорот и проректорите на универзитетот и беше потпишан договорот за соработка.
Соработката ќе се одвива во повеќе области, а ќе започне преку размена на професори и студенти. Беше разговарано и за формирање на оддел во рамките на нашиот универзитет кој ќе работи на заеднички програми за докторски и магистерски студии заедно со универзитетот од Велико Трново.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail