Се роди бебето Бамби во скопската Зоолошка градина

bambi.jpg

,,Ни се роди бебе ❤
Малото преслатко Бамби е старо само неколку дена, а освен мајката за него се грижат и другите срни во групата. Да ни е живо и здраво“!

Ова е објавата на официјалната ФБ страница на Скопје/ЗОО Зоолошка градина Скопје.

На ФБ страницата може да се добијат и други информации за животните и нвните ,,активности“.

Неодамна фамилијата лемури доби нови играчки.

,,Горди сме на нашите зоо негуватели кои се големи креативци и постојано ги изненадуваат животните со нови интересни содржини во нивните живеалишта“-пишуваат луѓето од Зоо-Скопје.

Или на пример, ова мало преслатко приматче е всушност црвенорак тамарин. Потекнува од шумовитите предели северно од Амазон во Бразил, Гвајана, Француска Гвајана, Суринам и Венецуела. Заедно со уште три свои другарчиња живее во Скопската зоолошка градина.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top