Се родија првите глувци добиени од “вселенска сперма”

gluvciiiiiiiiiiiiiii.jpeg

Јапонските научници сооштија дека оплодувањето во вселената е возможно по добивањето на здрави глувци од сперма која била чувана девет месеци на Меѓународната вселенска станица.

Ова се првите глувци “од вселената” кои живеат на Земјата, што претставува големо достигнување за човештвото. Јапонците истакнуваат дека овој експеримент може да помогне во човечкото оплодување и населување во вселената кое, како што велат тие, е многу веројатно да се случи во иднина.

Просечната дневна доза на зрачење на Меѓународната вселенска станица е сто пати појака од Земјината, што претставува сериозна опасност за процесот на репродукција на било кои организми. Меѓутоа, женката глушец била оплодена со замрзната сперма која била чувана 288 дена, и успеала да роди здрави потомци.
Терухико Вакајама, професор на универзитетот во Јаманаши, вели за Guardian дека ова откритие е значајно доколку луѓето одлучат да живеат во вселената.

“На Земјата, многу парови се соочуваат со проблемот на неплодност поради што им е потребна стручна помош при оплодувањето. Таа помош сега би можела да им биде овозможена и во вселената. Нашето истражување потврди дека во вселената е можно да се сочуваат здрави сперматозоиди и до девет месеци. Иако спермата на глушецот беше малку оштетена поради вселенската радијација, глувците кои се родија од неа се во потполно здрава состојба”, истакнува професорот.

Истражувањето на јапонските научници е претставено на американската Национална академија на науките.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail