Се случи она од што научниците најмногу се плашеа – Жена почина од супербактерија

super-bakterija.jpg

Минатиот септември, една жена од Невада почина од неизлечлива бактериска инфекција отпорна на секаков вид на антибиотици.

Центрите за контрола и превенција на болести го објавија овој инцидент во четвртокот и само ја нагласија загриженоста за растечкиот проблем на отпорност на антибиотици и потребата да се пронајде решение за оваа глобална закана.

Жената била во своите 70-ти години и почината откако се вратила од подолг престој во Индија. Била дијагностицирана со карбапенемски отпорни ентеробактерии кои го содржеле незимот Њу Делхи метало-бета-лактамаза (НДМ), кој ги прави бактериите отпорни на многу антибиотици, известува „The Telegraph“.

„Мислам дека ова е загрижувачки. Толку долго време се потпиравме на нови и понови антибиотици, но очигледно бактериите може да развијат отпорност побрзо отколку што ние може да направиме нови антибиотици“, вели Александар Кален, медицинско лице од Одделот за зголемување на квалитетот на здравствената заштита при Центрите за контрола и превенција на болести.

Процесот на развивање на нови антибиотици трае долго, но дури и откако ќе се направат треба да се тестираат и одобрат.

Отпорноста на антибиотици се смета за една од најголемите закани за глобалното здравје и експертите велат дека овој неодамнешен смртен случај е црвен картон на кој владите од целиот свет треба да обрнат повеќе внимание.

Иако бактериите развиваат природна отпорност на антибиотици со текот на времето, прекумерната употреба или злоупотреба на антибиотици ја забрзува оваа природна еволуција, па бактериите развиваат отпорност побрзо отколку што луѓето се способни да развијат нови лекови.

Доколку не се преземе ништо, Центрите за контрола и превенција на болести предвидуваат дека овие бактерии отпорни на антибиотици до 2050 година би можеле да убиваат и до 10 милиони луѓе годишно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail