Се укинуваат дисперзираните студии

ministerstvo-za-obrazovanie-i-nauka.jpg

На барање на Универзитетот, министерството за образование го стави под мраз уписот на дисперзирани студии за оваа година.

Новост е и тоа дека ќе се активираат родовите студии на Филозофскиот факултет, а студенти ќе можат да се запишуваат и на студиите за Безбедност и евроинтеграциите на Факултетот за безбедност при УКЛО.

„Такво беше барањето на Универзитетот кое се поклопи со ставот на Владата и нашите согледувања за квалитетот и потребата од одредени дисперзирани студии. Одредени дисперзирани студии на другите Универзитети се редуцирани.“ – соопштуваат од Министерството за образование.

Од Министерството за образование и наука посочуваат дека оваа година за прв пат се утврдени и квоти за упис на одредени студиски програми за студенти, чие родителско право го врши само еден родител, кои ќе плаќаат половина од износот на партиципацијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail