Се вратила од Норвешка и започнала свој бизнис

biznis.jpg

Дениса и Самир Мешан иако живееле во странство, се вратиле во Бугојно во БиХ и почнале бизнис со пекарство.

За кратко време работата добро им тргнала.

„На почеток беше тешко. Вложивме пари и свесни бевме за ризикот кој го носи бизнисот. Не може човек преку ноќ да се збогати, но може солидно да живее“ – вели Дениса.

Раскажува дека воопшто не жали затоа што се вратиле во родниот град и почнале со свој бизнис.

„Таму сопругот на работа патуваше по 120, а јас по 80 км во друга насока, и на крајот на месецот кога ќе платите сѐ, сфаќате дека ви е добро во вашата земја, само треба да работите. Нашите луѓе мислат дека Западот ќе им ги исполни сите соништа“ – вели таа.

Во Норвешка живееле од 2001 до 2013 година и за правење на леб користат норвешки рецепти.

Признава дека на пазарот конкуренцијата е голема, но мора да вложат напор за да опстанат.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail