Сеавус Инкубатор ја носи израелската стартап сцена во Скопје

izrael-e1493031597951.jpg

Сеавус Инкубатор oрганизира настан „Како Изреал стана нација на стартапи” кој ќе се одржи во среда, 26 април, со почеток од 18 часот

 

Целта на настанот е да ја запознае македонската иноваторска и стартaп публика со израелското економско чудо. За релативно мала земја, со малку природни ресурси, Израел успеа да создаде најмногу компании регистрирани на NASDAQ берзата и да изгради вибрантен стартап и иновациски еко-систем, на кој може да позавидат и поголеми земји.

На овие прашања ќе се дискутира на отворена дебата со двајца двигатели на промените во израелската стартап и иноваторска сфера, г. Михаил Мизрахи, директор на еден од најголемите акцелератори во Израел, AtoBe, и г. Ханан Бранд, ко-основач и партнер во Корнерстоун Вентурс, израелско-американски фонд на ризичен капитал.

Настанот е организиран во соработка со Швајцарската програма за претприемништво, која е поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

Влезот е бесплатен, но потрена е претходна регистрација на Еventbrite.

Сеавус Инкубатор е мултифункционален простор кој е посветен на поддршка на претприемачи, дигитални уметници и онлајн медиуми. Во инкубаторот се менторираат идеи, се обезбедува инфраструктура, ресурси и пристап до финансии за идните успешни стартапи.

Сеавус Инкубатор е најголемиот општествено одговорен проект на Сеавус, интернационална компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Сеавус брои преку 650+ ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail