Седењето подолго од осум часа во денот води до дијабетес и болести на срцето

sedejne.jpg

Колку повеќе седиме во текот на денот, толку се поголеми шансите за болести со срцето, се наведува во резултатите од истражувањето спроведено на Универзитетот Тексас и објавено во магазинот „Circulation“ во кое учествувале повеќе од 1 700 луѓе.

Научниците ја анализирале крвта на испитаниците и откриле дека кај лицата што седат долго време во текот на денот постои поголемо ниво на тропонин – комплекс од три регулаторни протеини кој учествува во мускулната контракција. Во особено ризична група спаѓаат оние кои седат девет часа во текот на денот, а освен од проблеми со срцето, се зголемува и ризикот од дијабетес.

Посебно загрижува фактот што вежбањето не помага многу ако подолг временски период седите повеќе од девет часа дневно. Се покажало дека долготрајното седење може да доведе до состојба во која срцето станува слабо и не може да ја извршува својата функција да пумпа доволно крв во остатокот од телото.

Засега не е познато зошто седењето е поврзано со ослабнување на срцето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail