Седум апликации кои ќе ви помогнат кога имате бавен Интернет

internet.jpg

Кога треба побрзо да дојдете до некои информации или да направите нешто, а Интернетот е бавен, тогаш на помош повикајте некоја од следните апликации за пишува Bizlife.

Google Go
Google Go e верзија на добро познатата апликација на Google за Android која ќе ви помогне при сурфањето на Интернет кога имате работа со бавна конекција. Доаѓа со вградени гласовни команди за кои не треба брз Интернет, а во поставките можете да додадете јазици, како и да подесите помала потрошувачка на податоци.

Datally
Datally е алатка на Google за следење и управување со податоци, поддржана од вештачка интелигенција. Овозможува следење на искористените податоци, блокирање на апликации и сервиси кои трошат многу, како и приказ на блиските Wi-Fi мрежи.

Opera Max
Opera Max е бесплатна услуга на виртуелна приватна мрежа осмислена за да ја намали потрошувачката на податоци. Интернет-сообраќајот кој нема да е енкриптиран ќе биде пренасочен на веб сервисите и алгоритмите на Operа пред да се најде на вашиот уред.

Facebook Lite
Facebook Lite е лесна верзија на апликацијата на Facebook за Android која ги нуди речиси сите основни функции освен емитување видео во живо, управување со групи и страници и уште неколку.

Messenger Lite
Messenger Lite е лесна верзија на истоимената апликација на Facebook, добра алтернатива и која не сте на слаба мрежа. Нема огласи и промоции, нема Stories и chatbot, само вие и луѓето со кои четувате.

YouTube Go
YouTube Go е верзија на популарната апликација на Google за преземање и споделување видеа за која не е потребен брз Интернет.

NetGuard
NetGuard е функционална богата апликација за firewall која ќе ви овозможи целосна контрола над тоа која апликација или сервис ја користи вашата мрежа.

Без оглед на тоа дали како пребарувач ги користите Google Chrome, Operа или Firefox за Android, во секој од нив има штедлив начин на работа. Вклучете ги и ќе заштедите до 50% на сообраќајот на податоци додека сурфате.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top