Седум годишно дете управува компанија и заработува дваесет илјади долари

deteee.jpg

Седум годишно момче од САД создаде сопствена компанија за рециклирање и веќе има заработени 20.000 долари.

Рајан Хикман започнал кога имал само 3 години.

„Отидовме во центарот за рециклирање и предадоа две мали кеси. На Рајан навистина му се допадна да го прави тоа. Тогаш тој отиде кај сите соседи да ги собираат шишињата”- раскажува таткото на Рајан.

И така идејата на малото момче се проширила и во соседните населби.

Со помош на семејството, Рајан рециклира најмалку 200.000 шишиња и канчиња.

Тоа го држи отпадот далеку од океанот.

Момчето сака да инспирира уште луѓе да го сторат истото, за да не се загадува природата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail