bunker.jpg

Според дел од светските медиуми седум милијардери од Силиконската долина одлучиле да инвестираат средства во огромен проект – изградба на бункери и нивно опремување.

Информациите  велат дека станува збор за бункери тешки 150 тони кои ќе бидат закопани три ипол метри под земјата.

Инаку веќе е ангажирана и компанија за изградба на бункерите, станува збор за компанијата „Рејзинс С“ чии генерален директор Џери Лунч веќе објави и нацрт фотографија на социјалните мрежи.

Додека многумина се прашуваат зошто американските милијардери го избрале токму Нов Зеленд , директорот Џери Лунч го даде одговорот, според него клучот е во изолираноста на територијата.

-Нов Зеланд нема непријатели, ниту е мета во случај на нуклеарна војна. Тоа е местото каде луѓето може да најдат скривалиште, објасни Лунч.

Според американската агенција „Блумберг“ вредноста на целиот проект е 11,5 милиони долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail