Седумте најчудни банкноти и монети во светот

george-best-irish-currency.jpg

Знаете ли кога за прв пат се појавил македонскиот денар? На собраниската седница на 26ти Април (Велигден) 1992 година, една година после осамостојувањето на Република Македонија во 1991, тогашниот премиер Никола Кљусев за прв пат ги презентирал првите македонски пари – денари со зборовите:

„Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“.

На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траела три дена. Книжните пари што гласеле на југословенски динари дефинитивно престанале да важат како платежно средство во Република Македонија на 29 април 1992.

Името „денар“ потекнува од староримската монетарна единица „денариј“ и претставува израз на историскиот континуитет на употребата на парите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот периоди. Предлогот за името бил даден од страна на академик Петар Илиевски. Претходно, на состаноците на Комисијата за монетарен систем биле разгледувани неколку предлози за името на македонската валута, како: „македонски динар“ или „лав“.

На територијата на Европа, воопшто не се користеле банкноти пред 17 век. Од друга страна, како платежно средство парите се користеле на територијата на Кина 1000 години порано од тука. Со текот на времето променет е размерот, видот, материјалот – дебела хартија, лен, памук, пластика… Уште тогаш луѓето си размислувале за период кога парите ќе станат “невидливи“, т.е. виртуални, како што е денес.

И покрај тоа, во изминатите 10 години низ светот има многу интересни случки поврзани со парите. Еве некои од најчудните:

Банкноти од сто трилиони

Банкнотата од 100 трилиони долари е воведена во Зимбабве

Ја помните ли хиперинфлацијата во Југославија од 1992 до 1994 година? Постарите со сигурност, помладите не толку многу. Луѓето во тоа време, се шетале со стотици илјади динари во џебовите. Банкнотата со најголем размер во тој период била 500 милијарди.
Но тоа воопшто не е ни блиску до 100 трилиони. Сериозно. Запишано со бројки тоа изгледа вака: 100 000 000 000 000. Банкнотата од 100 трилиони долари е воведена во Зимбабве околу 2009г. и беше во обрт до лани. Вредноста и беше околу 300 американски долари, а причината да биде пуштена во оптег е силна економска криза во земјата.

Но, тоа не е се. Најлудиот случај е од половината на минатиот век во Чешка – еден секстилион. Подобро кажано тоа е единица со дваесете нули последователно.

Каква слика да ставам?

ликот naлегендата на Манчестер Јунајтед Џорџ Бест  се појавува на банкнотите од 5 фунти

Навикнати сме на банкнотите да гледаме историски личности, познати градби, национален грб и значајни симболи. Но не било секогаш така.
За време на Првата Светска Војна, Германија влегува во можеби најголемата досега хиперинфлација. Сите сме слушнале дека марката стигнала до таков степен на безвредност, со што станала поевтина од тапети и луѓето почнале да си ги лепат на ѕидовите. За да се справат со кризата, многу компании почнуваат да си печатат сопствени пари и за тоа користеле секакви материјали – ткаенина, дрво, керамика… Од тогаш, монетите и марките започнале да имаат слики со различни приказни, беседи и симболи.

Кога легендата на “Манчестер Јунајтед“ Џорџ Бест починува како резултат на неговите лоши навики во 2005г. тоа ги натерло неговите сонародници од Ирска да му се заблагодарат за неговите спортски заслуги. Па така ликот му се појавува на банкнотите од 5 фунти. Може да звучи невообичаено и спорно, но уште во првите денови пред банките се ределе огромен број на луѓе со цел да земат банкнота со неговиот лик.

Смртна закана

Еден од симболите на американскиот долар од средината на минатиот век е слоганот “Со вера во Господ“ (In God we trust). Уште пред Соединетите Држави да се соберат во едно цело врз банкнотите се печател малку пострашен слоган. Поради распространетите фалсификаторски практики во почетокот на 18ти век, дел од британските колонии во Северна Америка започнуваат да печатат банкноти на кои пишувало: “Фалсификаторството е казниво со смрт“. Се претпоставува дека идеата била на еден од основачите на САД, Бенџамин Френклин, кој освен другото бил сопственик и на печатница.

 

Пластични пари

Канада има доста големо искуство во борбата против фалсификаторите. Во текот на 2000-та година по предлог од полицијата, од Централната Банка на Канада се повлечени сите банкноти од 1000 канадски долари. Причината е, според собраните податоци, дека тоа се најфалсификуваните пари и најчесто се користат за наркозделки и перење на пари.
Од пред неколку години властите во Отава воведуваат номинални полимерни банкноти кои циркулираат паралелно со хартиените. Примерот доаѓа од Австралија, каде за прв пат се воведуваат пластични пари во 1988г. Ништо чудно да ги видиме за брзо и кај нас, бидејќи се шират брзо – последно се пуштени во Велика Британија и Индија.

Кенеди во Монголија

Всушност Кенеди со копче… Во 2007г. управителот Улан Батор носи чудно решение. Нејасно и за самите монголци, како и за остатокот од светот се појавува монета од 500 тугрици со ликот на убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди. Монетата била далеку од обична – на неа имало копче, кое кога ќе се стисне се слуша неговата препознатлива изрека “Ја сум берлинец“ од 26 јуни 1963 г. Претпоставката е дека со тоа се оддава почит за признавањето на Монголија како креатор на Корпусот на мирот.

Дева Марија со света вода

Штом има монета со копче и звуци, зашто да нема и монета со ампула со света вода. Издадена е од островската Република Палау и ја одбележува 150-тата годишнина од појавувањето на Богородица во пештерата Лурд во Франција.

Уште еден соседски пример

банкнота од 3 лева, Бугарија

И нашите соседи на истокот биле жртви на инфлацијата. Бугарија ја губи вредноста на парите во периодот од 1996 до 1997г. Тогаш најголемата банкнота била во размер од 50 000 лева.
Но уште пред тоа во 1951 г. постоела банкнота од 3 лева со комунистички срп и чекан. Според историјата со таа банкнота од 3 лева можело да се купи 2 кила месо или 2 кила сирење или литро и пол ракија…

Во денешна денарска противредност тоа е околу 100 денари, а денеска толку чини една чашка ракија во ресторан. Но, времето се менува, па така и инфлацијата. Трилиони зимбабвиски долари денеска не вредат ништо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail