Секој би побегнал од собата во која спие ова 8-годишно девојче: Таа е веројатно најхраброто дете на светот! (ФОТО)

Sekoj-bi-pobegnal-od-sobata-vo-koja-spie-ova-8-godishno-devojche-Taa-e-verojatno-najhrabroto-dete-na-svetot-FOTO.jpg

Секој би побегнал од собата во која спие ова 8-годишно девојче: Таа е веројатно најхраброто дете на светот! (ФОТО)

Холи Гринхалг има само осум години и во својата соба има “минијатурна зоолошка градина“. Бестрашното девојче спие во иста просторија каде има повеќе од 50 пајаци, скакулци, полжави, но и две змии и скорпија.

Потребни се дури три часа на ден за да се нахранат сите жители на нејзината мала зоолошка градина. Покрај тоа, таа има сопствен канал на YouTube со повеќе од 6.000 претплатници.

Холи дава важни информации и факти за грижата за животните. Сепак, во тоа и помага нејзината мајка Рејчел (29).

Во ваква соба ретко кој би се охрабрил да преспие макар една ноќ. Низа коментари се со поддршка и пофалба, но има и такви кои ги обвинуваат родителите што го дозволиле ова. Зарем е нормално дете да спие со змии и скорпија?

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail