Секој трет Швајцарец се чувствува непријатно во присуство на странци

svajcarija.jpg

Секој трети Швајцарец се чувствува непријатно во присуство на луѓето кои ги смета за различни заради нивната националност, религија, боја на кожа или други фактори, покажа денеска објавената студија на швајцарската Влада.

Со истражувањето швајцарската Влада се обидува првпат да дознае како живеат 8,4 милиони жители, од кои четвртина се странци.

Триесет и шест проценти од испитаниците велат дека се чувствуваат непријатно и неслободно во присуство на луѓе за кои сметаат дека се надвор од нормите, особено оние кои зборуваат странски јазик или не водат вообичаен живот.

Анкетата не ги посочува деталите за втората категорија, но Ромите и другите водечки невообичаени групи се жалат на дискриминација во државата, која не е членка на ЕУ.

Шеснаесет проценти од испитаниците одат понатаму и изјавиле дека се чувствуваат загрозени од странците.

Сепак, повеќето испитаници го одобруваат давањето на повеќе права на странските државјани.Две третини од испитаниците го идентификуваат расизмот како клучен социјален проблем, а 56 проценти сметаат дека интеграцијата на мигрантите добро функционира.

Со своите четири национални јазици и децентрализираниот систем на владеење, традиционално христијанската Швајцарија станува сѐ повеќе разновидна. Во државата има над 10 верски заедници, во кои има луѓе од 190 други земји.

Крајно десничарските партии ги искористија ксенофобичните чувства за да инсистираат на голем број мерки, вклучувајќи ја и забраната за изградба на нови минариња на џамии, што беше и законски регулирано во 2009 година.

Сепак, минатата година парламентот ги ублажи барањата од референдумот одржан во 2014 година, за воведување на квоти за имиграција од ЕУ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top