Секој трет вработен во ОН бил сексуално вознемируван

oon.jpg

Секој трет вработен во Обединетите нации бил сексуално вознемируван во последните две години, покажува извештај на оваа меѓународна организација, објави Би-би-си. Во истражувањето учествувале само 30.364 вработени или околу 17 отсто од вкупниот број.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рекол дека извештајот и умерено ниската стапка на одговори е знак дека пред нив е долг пат.Тој рекол дека релативно малиот број на учесници во истражувањето би можело да биде знак на чувство на недоверба, перцепција за неактивност и недостаток на одговорност во ОН.

Според извештајот, повеќе од половина од оние кои биле жртва на сексуално вознемирување во ОН рекле дека тоа се случило во канцеларија, додека 17,1 отсто до вкупниот број учесници во истражувањето рекле дека тоа се случило на социјален настан врзан за работата. Повеќе од една петтина, 21,7 отсто, рекле дека им биле раскажувани несоодветни сексуални случки или вицови. Околу 14 отсто од испитаниците добиле навредливи коментари за нивниот изглед, тело или сексуални активности, а 13 отсто имале колеги кои се обиделе да ги внесат сексуални разговори.

Во извештајот се наведува дека два од три злоставувачи се мажи, додека секој трет вработен по сексуалното вознемирување презел некакви дејства.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail