Секоја генерација е полоша од претходната и не го познава правописот на македонскиот јазик

puzder.jpg

,,Дваесет години сум професор по македонски јазик и литература во средно училиште. И секојпат, кога имам ученици од прва година, им давам задача да пишуваат диктат. Целта на задачата е проверка колку го владеат правописот. Секоја генерација е полоша од претходната, но никојпат не сум добила толку слаби резултати како сега. Пуздер направиле .

На прекорот упатен од моја страна, еден од учениците лаконски изјави дека и без тоа нема да живее и да работи во Македонија. Доби позитивна реакција од речиси целиот клас!“

Ова го напиша професорката Жаклина Свеќаровска на профилот на ФБ групата Пуздер правам…од македонскиот јазик!, која е формирана од ентузијасти, кои сакаат да го актуелизираат овој проблем којшто добива епидемични размери во Република Македонија.

Некои од коментарите ја покажуваат катастрофалната ситуација во нашето образование и на другите полиња.

Па така, член на групата коментира..,, а да ги прашате таблица множење до 10, ќе добиете уште покатастрофални резулатати“.

На меѓународно ниво, македонските ученици се убедливо на последно место според читање, пишување и математика.

Македонските ученици постигнуваат многу слаби резултати на меѓународното тестирање ПИСА, бидејќи ова се тип на задачи и текстови поврзани со прашања кои во нашата држава најчесто не се практикуваат во процесот на поучување. Нашите ученици исто така најчесто учат за оценка, а не се оспособуваат за примена на стекнатото знаење. Проблем е и тоа што тестовите се големи и обемни. Кај учениците постои и незаинтересираност за решавање на тестот, зашто не влијае врз оценките во дневник.

Инаку, над 5.000 македонски ученици на петнаесетгодишна возраст, родени во 2002 година, и оваа година го полагаа ПИСА-тестот, кој треба да покаже дали сме напреднале од последното тестирање во 2015 година, кога бевме меѓу последните четири земји со најслаби резултати.

Последното тестирање од 2015 година покажа дека нашите ученици, според постигнувањата по нивоа и подрачја, се под или на ниво 1 -што е најслабото ниво. Постигнувањата на учениците во ПИСА 2015 тестирањето се мерат според поставените 6 нивоа на владеење на материјата (каде што ниво 1 е најниско ниво, а ниво 6 највисоко).
Најголем процент од учениците од нашата држава се под или на ниво 1 (најслабото).

Пред неколу години, според истражување на Светска банка за нивото на писменост и образование на населението во светот, македонските ученици беа оценети како функционално неписмени

Извор: АКО.мк

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail