Секојдневното туширање е штетно по здравјето

tusirane.jpg

Навиката за секојдневно туширање според научниците не е добра за нашето здравје, тие сметаат дека тоа ги уништува бројните добри бактерии.

Во текот на зимата можеби и може да замислиме ден без туширање, но на лето тоа изгледа невозможно. Научниците од генетичкиот научен центар од Универзитетот во Јута објавуваат дека со секојдневното туширање го нарушуваме микробиолошкиот екосистем на бактерии, вируси и други микроорганизми кои живеат на нашата кожа.

Тоа може да доведе до слабеење на имунитетот, проблеми со варењето на храната, па дури и кардиоваскуларни болести.

Научниците за споредба ги споменале жителите на селото Јаномами во Амазонија, кои имале најбогати и најразлични врсти на микроби во целиот свет, а интересно е што при тестирањата биле пронајдени и бактерии отпорни на антибиотици, иако тоа племе никогаш не користело такви лекови.

Истражувањето потврдило дека на добрите бактерии на нашата кожа негативно делуваат различните гелови за туширање и козметичките производи, но сепак научниците немаат одговор колку често би требало да се тушираме за да не ја загрозиме природната рамнотежа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail