Село во Швајцарија бара жители и нуди 25 илјади франци на тие кои би се доселиле

albinen.jpg

Село во Швајцарија објави дека бара жители и нуди по 25 илјади швајцарски франци по лице. Се работи за селото Албинен во кантонот Вале, каде за оваа одлука гласале малкуте жители.

Селото се соочува со иселување на младите, па поради тоа се одлучиле за ваква политика.

Планот е на семејства или поединци кои ќе се одлучат да купат или изградат куќа во Албинен, да им подарат по 25.000 франци за секое возрасно лице во семејството и дополнителни 10.000 франци по дете.

Сепак, понудата не е без услови. Новите жители мора да се обврзат дека ќе живеат таму најмалку 10 години, а возрасните мора да бидат помлади од 45 години.

Исто така, ќе мора да купат или изградат објект со најмала вредност од 200 илјади франци и да бидат швајцарски државјани или да имаат валидна „Swiss C“ дозвола. Новиот дом мора да биде примарно место за живеење.

Албинен е село кое се наоѓа на 1.300 метри надморска висина, со поглед на долината Рона.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top