Семинарот ќе биде во два дела и ќе се одржи на:
24.09.2022 (сабота) со почеток во 10:00 – прв дел и 25.09.2022 (недела) со почеток во 10:00 – втор дел во конференциската сала на ПСУ “Јахја Кемал“ – Варшавска 23, Скопје
Котизација за учество на семинарот изнесува 2500 денари за еден дел или 4500 денари за двата дела.
Линк за регистрација :
https://forms.gle/tjQXYrKb7GYp7FkVA
Бројот на местата е ограничен
Примарната улога на програмата NTC е да користи нови откритија во областа на невронауката во училниците и во секојдневниот живот. Програмата за учење NTC е составена од различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу студии, позитивно влијаат на развојот на мозокот во периодот кога тој е најважно, во периодот на најинтензивен раст и развој, од раѓање до приближно десет години. Играта како внатрешна мотивација на детето е клучен фактор во програмата NTC.
Д-р Ранко Рајовиќ е лекар, специјалист по интерна медицина од Србија, кој веќе неколку години се занимава со истражување во областа на неврофизиологијата и невроендокринологијата, е член на меѓународниот одбор на Менса за надарени деца и соработник на УНИЦЕФ, а сè попопуларен експерт за раниот развој на интелигенцијата. Автор на програмата NTC (Никола Тесла Ценатр).