Семинар за Ориентација и Насочување – Октомври 26ти и 27ми!

Freshman-2017.jpg

Драги бруцоши,

Како и секоја година, така и оваа, УАКС организира Семинар за Насочување и Ориентација на нашите новозапишани студенти. Целта на овој семинар е подобро запознавање со правата и правилата на студирање, начините на употреба на ресурсите на универзитетот како и одговор на сите прашања кои се од ваш интерес а се поврзани со студентскиот живот на УАКС.

За следните факултети (кои имаат настава на англиски) Семинарот ќе се одржи на 26ти Октомври (Четврток) во 12:00 часот во Амфитеатар 1:

  • Факултет за деловна економија и организациони науки
  • Факултет за политички науки
  • Факултет за странски јазици
  • Факултет за компјутерска техника и информатика

За следните факултети (кои имаат настава на македонски) Семинарот ќе се одржи на 27ми Октомври (Петок) во 12:30 часот во Амфитеатар 1: 

  • Факултет за деловна економија и организациони науки (настава на македонски)
  • Факултет за правни науки
  • Факултет за архитектура и дизајн

Ве очекуваме!

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top