Семинар за развивање на соработката помеѓу високоoбразовните институции

412c2222b09c44d0cd5d0296b73f4854_XL-1.jpg

Како дел од ЕУ твининг проектот „Развивање на соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“, кој се спроведува во рамки на Министерството за образование и наука, се организира работилница наменета за наставничкиот кадар на факултетите вклучен во изработка на студиски програми од инженерски области.

Семинарот ќе го одржи експертот Пјер Блажевиќ, декан на реномиран инженерски институт во Париз. Семинарот ќе се сосредоточи на спроведувањето на процес на самоевалуација со цел зголемена релевантност на студиските програми во поглед на барањата на пазарот на труд, особено од инженерските сектори и другите технички сектори кои имаат потреба за практични квалификации на дипломците. Семинарот е наменет за наставничкиот и управувачкиот кадар на инженерските факултети од сите области, како и лицата одговорни за обезбедување квалитет.

Работилницата во Штип ќе се одржи во понеделник, 10 април, од 12.30 до 16.30 часот во Кампус 2 на УГД.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail